Top Sport

Роналдо: Нема изговори, мора да покажеме од што сме направени!

Манчестер Јунајтед не брилјира во последно време, а „црвените ѓаволи“ вечерва од 21 часот на „Олд Трафорд“ против калчолигашот Аталанта имаат можност да се вратат на победничките патеки.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер се пред императив победа.

„Импресиониран сум од Аталанта, како играат, како ги развиваат играчите, резултатите кои ги имаат. Можат да направат многу проблеми“ вели Солскјер.

Првата ѕвезда на Јунајтед, Кристијано Роналдо на Инстаграм ги искажа своите очекувања од мечот.

„Нашето време доаѓа! Мора да покажеме од што сме направени, а ЛШ е совршена можноста за тоа. Нема изговори! Одиме“ напиша Португалецот.

Scroll to Top