Top Sport

Солскјер: Јунајтед напредува, не ме интересира што зборуваат Невил и Карагер!

Иако им врие на навивачите на Манчестер Јунајтед, менаџерот на екипата – Оле Гунар Солскјер е ладен. Или барем така изгледа.

Шеста позиција во Премиерлигата, една победа (Вилјареал) и пораз од Јанг Бојс во ЛШ не се учинок во склад со амбициите на клубот. Шефот на стручниот штаб не е загрижен.

„Напредувавме последните години. Бевме шести по само пола година кога јас го преземав тимот, после тоа завршивме како трети, а минатата сезона завршивме како втори. Може да го видите растот“ изјави Солскјер.

На Островот се полемизира дали тој е дораснат на работата која ја има. Критики за неговата работа упатија поранешниот „црвен ѓавол“ Гери Невил и дефанзивецот на Ливерпул, Џејми Карагер.

„Не гледам што зборуваат за мене тие двајца, не ме интересира, тоа не влијае на мене. Освен тоа во недела е дербито со Ливерпул. Јас имам свои вредности, свој начин на водење на екипата и верувам во себе. Се додека луѓето од клубот ми веруваат, сигурен сум дека Карагер ништо нема да промени на тој план“ смета Норвежанецот.

Scroll to Top