Роналдо Назарио во „онлајн“ разговор со Кристијан Бобо Виери разкажал анегдота за поранешниот соиграч од Интер Тарибо Вест. Познато е дека возраста на Вест секогаш била мистерија, наводно денес тој има 46 години.
Нигериецот Тарибо Вест дресот на Интер го носеше во периодот од 1997 до 1999 година.
„Има една анегдота од времето кога играв во помладите категории. Игравме против У-20 репрезентацијата на Нигерија, ние тогаш имавме по 15 години. Без пет години повозрасни од нас, беа пресилни, тие момци веќе беа возрасни луѓе“, се присетил Роналдо и продолжил.
„Тогаш си ги разменивме копачките. Неколку години подоцна станавме соиграчи во Интер, тогаш Вест бевме на иста возраст!“
Инаку на различни места можат да се најдат различни податоци за возраста на Тарибо Вест. Според „Википедија“ тој има 58 години, додека на „Трансфермаркт“ има 12 години помалку.