Top Sport

Роналдо во солзи во интервју за „ИТВ“

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите играчи на сите времиња, делува арогантно на теренот, ретко ги покажува емоциите. Поради тоа многу бргу се рашири снимката од интервјуто во кое Португалецот низ солзи говори за својот татко.

„ИТВ“ објави инсерти од интервјуто кое со славниот фудбалер го направил новинарот Пирс Морган, а кое ќе биде емитувано утре.

Роналдо одговарал на секакви прашања, меѓу кои и оние поврзани со неодамнешните обвинувања за силување, а не можел да ги запре солзите кога новинарот му пуштил видео на кое е неговиот татко.

„Никогаш не сум ја видел оваа снимка. Неверојатно, откаде ви е ова? Не знам каде сте го нашле но морам да го имам ова видео за да можам да му го покажам на семејството. Не го познавав добро мојот татко. Беше алкохоличар, никогаш нормално не сме разговарале. Ужасно ми е лошо што тој не ги доживеа моите успеси, што не ме виде со сите трофеи што сум ги освоил. Ме погоди ова. Мислев дека ќе се шегуваме и дека нема да биде вака емотивно, Се извинувам“, рекол Роналдо.

Таткото на Роналдо, Хосе Динис Авеиро починал во 2005 година на 53 годишна возраст. Неговиот син досега во кариерата пет пат ја освоил Лигата на шампионите, пет пат бил прогласен за најдобар во светот, а со Португалија стана европски првак и ја освои Лигата на Нации.

https://twitter.com/GMB/status/1173466139302813698

Scroll to Top