Top Sport

Нејмар: Сакав да си одам, повеќе да не зборуваме на таа тема

Сагата околу заминувањето на Нејмар од Пари Сен Жермен траеше неколку месеци, на крајот тој остана во Париз, а во саботата го одигра првиот меч во новата сезона, на кој сос спектакуларни ножички им ја донесе победата на „светците“.

„Сите знаеја дека сакав да си одам. Јас тоа и го кажав јасно. Не сакам сега да влегувам во детали. Тоа би можело да има влијание во клубот“, рекол Бразилецот кој потенцирал дека е максимално посветен на својата работа.

„Желбата да заминам беше моја и само моја, никогаш не беше поврзана со клубот, навивачите…Се надевам дека последен пат говорам на темава оваа сезона“, заклучил Нејмар.

Scroll to Top