Снимките кои ги направија фановите на „Олд Трафорд“ од вчерашниот меч против Рајо Валјекано, очигледно покажуваат дека Кристијано Роналдо нема голема почит кон новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, по вестите дека 37-годишниот ветеран бара излез од клубот.
Според повеќе англиски медиуми, Роналдо останува на својата позиција и бара да биде ослободен од договорот со кој заработува 360.000 фунти неделно. И покрај ова, тој го имаше првиот настап за клубот во пред-сезоната против шпанскиот прволигаш, одигрувајќи го првото полувреме. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ потоа беше забележан како предвреме си заминуваа од стадионот.
При паузата поради жештинта во 33. минута од мечот, Тен Хаг се обидуваше да му даде тактички совети на својот фудбалер, но реакцијата на Португалецот зборува сама за себе, со превртување на очите во тензична атмосфера.
والحين ? pic.twitter.com/5NEodb0pg8
— ? A ? ?? (@smily_ad) July 31, 2022
Ronaldo doesn't rate Ten Hag pic.twitter.com/5MA43tjjkX
— Cigano ?? (@RealQuaresma) July 31, 2022