Top Sport

Роналдо од пенал го спаси Јувентус (Видео)

Сасуоло го изненади фаворизираниот Јувентус во 14 коло во Серија А. Дуелот во Торино заврши без победник 2:2. Овој резултат му овозможува на Интер да се врати на челната позиција на табелата. Интер попладнево ќе играат против СПАЛ.

Леонардо Бонучи го постигна првиот гол на натпреварот во 20 минута, меѓутоа само две минути подцна Џереми Бога го совлада Буфон.

Целосен пресврт играчите на Сасуоло направија на самиот старт од второто полувреме. Фернандо Капуто во 49 минута уште еднаш ја затресе мрежата на „старата дама“.

Во наредните 20 минути играчите на Јувентус не реализираа неколку изгледни шанси за постигнување на гол. Во 68 минута Дибала избори пенал, а Роналдо беше сигурен реализатор.

Scroll to Top