Top Sport

Одложен мечот Монако-ПСЖ

Натпреварот помеѓу Монако и Пари Сен Жермен кој требаше да се одигра вечерва во рамките на 15 коло, во Лига 1 е одложен поради лошите временски услови.

Обилните врнежи од дожд и опасноста од поплави ги натерале локалните власти во „малото кнежевство“ да издадат предупредување за црвен метео аларм во регионот.

„Одлуката на властите го одложи натпреварот помеѓу Монако и ПСЖ. Мечот требаше да се одигра н ведела од 21 часот. Натпреварот е одложен поради лошите временски услови“, се наведува во соопштението на Лига 1.

Не е прецизирано кога ќе биде одигран натпреварот.

ПСЖ е лидер во Лига 1 со 33 бода, додека Монако се 14 на табелата со само 18 бода.

Scroll to Top