Top Sport

Роналдо од Рангник барал да му ја одземе капитенската лената на Мегваер

Манчестер јунајтед минатата сезона ја завршија на шестото место во Премиер лигата, во последното коло, благодарение на киксот на Вест Хем, изборија настап во Лига Европа. Минатата сезона како менаџер ја започна Оле Гунар Солскјер, а ја заврши Ралф Рангник.

Кога минатото лето Кристијано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“, очекувањата беа дека тимот ќе се бори за шампионската титула. Наместо тоа „црвените ѓаволи“ имаа турбулентна сезона, останаа без место во Лигата на шампионите, а Роналдо побара да го напушти клубот.

Од минатата сезона, англиските медиуми ископаа една интересна приказна. Наводно, во февруари, Роналдо на состанок со Рангник побарал да му ја одземе капитенската лента на Хари Мегваер.

„Атлетик“ тврди дека претходно истото од менаџерот го побарале и француските репрезентативци Рафаел Варан и Пол Погба.

Според овој извор, Роналдо му порачал на Рангник дека „„Мегваер е дел од проблемот“.

Исто така, на споменатиот состанок Роналдо побарал од Рангник да го постави на врвот на нападот покрај ветеранот Единсон Кавани, но менаџерот ги игнорирал двете негови барања.

Со промената на менаџерот на клупата и доаѓањето на Ерик тен Хаг, Роналдо испадна од стартниот тим на Манчестер Јунајтед и извесно време неуспешно бараше нов клуб кој ќе ги задоволи неговите високи амбиции…

Scroll to Top