Top Sport

Роналдо од Торино во Манчестер Јунајтед или ПСЖ

Коронавирусот предизвика сериозна финансиска криза. На кризата не се имуни ниту спортските колективи, дури и оние најбогатите. Неколку светски медиуми тврдат дека поради кризата Јувентус ќе го продаде Кристијано Роналдо.

Португалскиот волшебник има годишна плата од 31 милиони евра и договор за наредните две сезони. Во услови на финансиска криза плата на Роналдо претставува голем товар за Јувентус.

Медиумите шпекулираат дека реална е опцијата во Торино да ги слушнат понудите од другите клубови за Роналдо. Шпекулациите говорат дека Јувентус би се задоволиле со 70 милиони евра. Прашање е само кој би издвоил толку пари за 35 годишен фудбалер.

Наводно во игра биле два клуба, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.

„Црвените ѓаволи“ сакале да го вратат фудбалерот кој за 94 милиони евра во 2009 година го продадоа во Реал Мадрид, додека ПСЖ размислува за Роналдо во случај клубот да го напуштат двете најголеми ѕвезди Нејмар и Килијан Мбапе.

Scroll to Top