Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо летово добил само една понуда, пишува „Мирор“. Според нивните извори, Ал-Хилал од Саудиска Арабија бил подготвен да му плати на Португалецот 242.000.000 евра за две сезони.
Португалецот без размислување ја одбил понудата која ќе го направеше најплатен фудбалер на сите времиња.
Неодамна претседателот на фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасир Ал-Машал изјави дека сака да го види 37-годишниот ас во првенството на оваа земја.
Роналдо неодамна се обиде да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во клуб кој игра во Лигата на шампионите, но неговите планови не успеаја. Тој има договор со „црвените ѓаволи“ до 2023 година.
Португалецот не е задоволен од минутажата што ја добива во Манчестер, под палката на Ерик Тен Хаг.
Од почетокот на сезоната тој се уште нема постигнато ниту еден гол во Премиер лигата.