Top Sport

Роналдо оддели време за семејството пред големото финале во Киев

Кристијано Роналдо помина опуштено претпладне со своето семејство, пред да тренира со соиграчите од Реал Мадрид пред финалето од ЛШ во Киев овој викенд.

Пред тренингот во вторникот, Роналдо објави фотографија на која е со својата девојка Георгина Родригез и со три од своите четири деца: Матео, Алана Мартина и Ева. Седумгодишниот Кристијано Јуниор беше отсутен.

35-годишниот Роналдо пропушти два натпревари по повредата на скочниот зглоб, но се врати во последниот меч од Ла лига со Вилјарел да постигне еден гол.

Good morning ☀️ ☀️ ☀️ ☀️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Scroll to Top