Top Sport

Погба се врати во Мека: Ова е прекрасно место, не можам да ви опишам

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба се врати во муслиманскиот свет град Мека одбележувајќи го почетокот на Рамазан со умра (мал аџилак).

„Ова е прекрасно место. Не можам да ви го опишам чувството тука. Иншалах ќе дојдете тука еден ден“, вели Погба во 30-секундното видео на својот Инстаграм профил.

Ова не е прва посета на Мека за Погба, кој беше на аџилак по крајот на сезоната 2016/17 година. Умра е мал аџилак кој може да се направи во било кој ден од годината.

Погба е вклучен во 23-члениот состав на француската репрезентација на Светското првенство, каде што ќе се обиде да го покаже најдоброто за националниот дрес по „променливата“ сезона со Јунајтед.

Allah u akbar .God is the greatest ???

A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba) on

Scroll to Top