Top Sport

Роналдо ослободен од обвинувањата за силување

Кристијано Роналдо нема официјално да биде обвинет за силување, потврдиле од обвинителството во Лас Вегас, во сојузната американска држава Невада.

Против Португлецот обвинителството водеше постапка за наводно силување во 2009 година. Извесна Кетрин Мајорга го обвини славниот фудбалер дека ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас. Таа Роналдо го запознала во еден ноќен клуб во Лас Вегас.

Таа прво се спогодила и прифатила паричен надомест од 375.000 евра, за да не зборува за наводниот инцидент, но десет години подоцна таа го смени ставот. Најпрвин на медиумите им ја раскажала целата случка, а потоа преку своите адвокати започна да го гони Роналдо.

„Откако повторно ги прегледавме информациите што ни беа достапни решивме дека не може да утврдиме со сигурност дека Роналдо сексуално ја злоупотребил. Поради тоа обвинувањата се отфрлаат“, се наведува во соопштението на обвинителството во Лас Вегас.

Scroll to Top