Top Sport

Роналдо останува најпопуларниот спортист на светот

Португалскиот ас на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо по трета година во низа е на првото место на листата на најславни 100 според „ЕСПН“, победувајќи ги НБА-кралот Леброн Џејмс и својот дологгодишен ривал Лионел Меси.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, е најпопуларен според бројот на следбеници на социјалните мрежи, комерцијалните договори и по бараноста на Интернет. Леброн повторно е втор, додека Меси е трет по деветтата лигашка титула со Барселона.

Нејмар, најскапиот фудбалер на светот, е на четвртото место пред најуспешниот тенисер во историјата, Роџер Федерер, НБА ѕвездата Кевин Дурант и шпанскиот тенисер Рафаел Надал.

Американската тенисерка Серена Вилијамс ја замени УФЦ ѕвездата Ронда Раузи како најславна спортистка со 12 жени во топ 100, во споредба со осум во 2017.

Фото: ЕПА

Scroll to Top