Top Sport

Милан и официјално ги прекрши финансиските правила на УЕФА

УЕФА и формално го отфрли предлогот на Милан околи финансискиот фер-плеј (ФФП) и сега го очекува италијанскиот гигант на сослушување во јуни, кога може да добијат забрана на европски фудбал.

Одлуката се очекуваше подолго време, и ова значи дека сега следува детално разгледување на финансиите на „росонерите“ со можни остри последици – блокирање на трансферите, голема финансиска казна, а можно е и исклучување од Лигата на Европа.

„Истражното тело на одделот на УЕФА за финансиска контрола (ЦФЦБ) одлучи да го посочи италијанскиот клуб АЦ Милан како виновен за прекршување на финансискиот фер-плеј, и затоа не може да има предвремен договор. Најголем проблем се несигурностите околу рефинансирањето на долгот на клубот и исплатите кои треба да се дадат во октомври 2018 година“, се вели во соопштението на УЕФА.

Постојат сомнежи дека новиот сопственик на клубот, кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли, нема да може да го плати заемот од 350 милиони евра добиен од американската фондаија „Елиот менаџмент“.

Фото: ЕПА

Покрената е истрага, Милан бил нелегално продаден

Scroll to Top