Top Sport

Роналдо оставил 20.000 евра бакшиш во Грција?

Кристијано Роналдо бил очигледно добро расположен пред трансферот во Јувентус, што оставил бакшиш од 20.000 евра на вработените во туристичкиот центар „Ројал Метони“ во Грција пред да отпатува за Торино и да го потпише договорот со Јувентус.

По елиминацијата на СП во Русија од Уругвај, Роналдо заедно со неговата партнерка Георгина Родригез и со децата помина 10 дена во Грција, и според грчкиот магазин „СПОРтајм“, бил апсолутно задоволен.

„Десетте вработени, кои имаа задача да се грижат за семејството на Роналдо и да ги држат папараците на страна добија по 2.000 евра“, вели „СПОРтајм“.

? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ☀️?❤️

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Другите преговараат, Роналдо ужива на плажа

Scroll to Top