Top Sport

Бјелица кај сонародникот Богдановиќ во Сакраменто

Немања Бјелица е нов кошаркар на Сакраменто кингс, откако по заминувњето од Минесота тимбервулвс одби да потпише едногодишен договор со Филаделфија 76ерс.

Бјелица својата четврта сезона во НБА ќе ја продолжи во Сакраменто по убедувањето на генералниот менаџер на тимот, Владе Дивац и неговиот асистент Предраг Стојаковиќ. Со овој трансфер, Бјелица ќе му се приклучи на сонародникот Богдан Богдановиќ во тимот од престолнината на Калифорнија.

„Поминав доста време во разговор со Владе, кој е вистинска икона во нашата земја. Тој има единствена перспектива околу тоа што треба да направиш за да бидеш успешен во НБА, така што ме убеди. Ќе го дадам мојот максимум да помогнам на овој клуб“, изјави 30-годишниот Бјелица.

Scroll to Top