Top Sport

Роналдо „откачи“, бара 75 милиони евра годишно од Реал

Кристијано Роналдо ги испорачал своите услови според кои би останал во Реал Мадрид. „Кадена копе“, објави дека Португалецот побарал да потпише шестгодишен договор, со годишна плата од 75 милиони евра.

Актуелниот договор на Кристијано Роналдо Реал истекува во јули 2021 година, меѓутоа веднаш по завршувањето на финалето во Лигата на шампионите, на 26.мај во Киев, тој порача дека му било убаво во Реал и дека постои можност да го напушти клубот.

Неколку дена подоцна стана јасно дека Португалецот бара зголемување на платата. Егото на Роналдо не му дозволува да има помала годишна плата од опонентот од Барселона, Лионел Меси, а во овој момент Аргентинецот заработува двојно повеќе.

Кристијано од Реал добива 21, а Меси од Барселона, без бонусите, 40 милиони евра годишно.

Доколку Реал ги прифати овие услови тогаш тој ќе стане далеку играч со најголема плата во историјата на фудбалот и би ја завршил кариерата во Мадрид.

Меѓутоа тешко е дека Реал ќе се согласи на вакво нешто, бидејќи Кристијано веќе има 33 години.

Шпанците коментираат дека голема е веројатноста тој во овој преоден рок да го напушти клубот.

Scroll to Top