Top Sport

Роналдо пак во драма им донесе поен на Јунајтед, Фати блесна за Барса, Баерн и Јуве „газат“

Кристијано Роналдо повторно се покажува како „спасител“ на Манчестер јунајтед и менаџерот Оле Гунар Солскјер, откако даде два гола, од кои вториот во 92. минута за ново драматично спасување за 2:2 реми кај Аталанта во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Јосип Иличиќ уште во 12. минута успеа да им даде гол на Јунајтед по слабата реакција на целата одбрана и на Давид де Хеа, но Роналдо блесна во финишот на полувремето со еден од најубавите голови кои ги имаат дадено Јунајтед оваа сезона по комбинацијата со Бруно Фернандеш. Меѓутоа, Дуван Запата во 56. минута успеа да го наттрча Хери Мегваер за 2:1 водство. Кога изгледаше дека мечот ќе заврши така, во 92. минута на сцена пак стапи неизбежиот Португалец.

Баерн Минхен и Јувентус, пак, продолжија со импресивните настапи во Лигата на шампиони со четврти победи во четири меча. Роберт Левандовски утна пенал, но потоа даде хет-трик за Баварците со 5:2 да ја декласираат Бенфика на „Алијанц арената“. Лирој Сане и Серж Гнабри уфрлија по еден гол за германскиот гигант.

Барселона, пак, на клучното гостување кај Динамо Киев стигна до 1:0 победа, благодарение на новата „десетка“ на клубот, Ансу Фати во 70. минута, по што голот му го посвети на Серхио Агуеро, кој ќе паузира три месеци поради проблеми со срцето.

Јувентус, за разлика од домашниот шампионат каде што му оди очајно, во ЛШ продолжува убедливо, овојпат со 4:2 победа над Зенит Санкт Петерсбург. Пауло Дибала во 11. минута постигна фантастичен гол, но Леонардо Бонучи си постигна автогол во 26. минута. Дибала ја врати предноста со гол од пенал во 58. минута, пред Федерико Киеза во 74. минута да зголеми на 3:1, а Алваро Мората во 82. минута да ги постави конечните 4:1.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО

ГРУПА Е

Баерн Минхен – Бенфика 5:2

Динамо Киев – Барселона 0:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ф

Аталанта – Манчестер јунајтед 2:1

Вилјареал – Јанг Бојс 2:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Г

Севилја – Лил 1:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Х

Јувентус – Зенит Санкт Петерсбург 4:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

АТАЛАНТА – МАНЧЕСТЕР Ј.

ЈУВЕНТУС – ЗЕНИТ

БАЕРН МИНХЕН – БЕНФИКА

ДИНАМО КИЕВ – БАРСЕЛОНА

Scroll to Top