Top Sport

Роналдо: Пишувам едно преубаво фудбалско поглавје!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед – Кристијано Роналдо по мечот со Вилјареал на кој ја донесе победата со гол во 95 минута не го криеше задоволството. За клупската телевизија изјави дека имаат голема поддршка од навивачите во зацртаната цел.

„Понекогаш ние играчите се обидуваме да ја работиме нашата работа, да играме добро, да постигнуваме голови, но некогаш недостасува реализацијата. Навивачите затоа се тука, да не поттурнат. Тие ни даваат мотивација да продолжиме со играта, да трчаме, да веруваме. На мечот со Вилјареал тоа го чувствувавме. Многу сме среќни сите заедно“ рече Португалецот.

Роналдо синоќа го имаше својот 178. настап во ЛШ со што сам изби на првата позиција по бројот на настапи во елитното друштво оставајќи го зад себе Икер Касилјас на 177.

„Најмногу настапи и постигнати голови – каква прекрасна ноќ за мене. Морам да повторам дека однесувањето на тимот овде беше најважно. Пишувам едно преубаво фудбалско поглавје! Многу сум среќен и поради рекордот, но и поради голот кој ни донесе важна победа“ смета CR7.

Scroll to Top