Уругваецот Диего Форлан открил детали од соблекувалната на Манчестер Јунајтед од периодот 2002-2004. Форлан не се прослави на „Олд Трафорд“, а квалитетот го покажа подоцна како играч на Вилјареал и Атлетико Мадрид.

Соиграчи на Форлан во Јунајтед меѓу другите му беа Кристијано Роналдо и Дејвид Бекам. За нов двајца зборува Уругваецот.

„За разлика од Кристијано Бекам беше многу природен, секогаш беше ист дури и кога не беше расположен. Роналдо беше ѕвер, но никогаш не беше непристоен. Да останеше Бекам без заб сите ќе зборуваа ‘леле колку е убав“ и потоа ќе почне да си вадат заби“, изјавил Форлан за ЕСПН и дополнил.

„Роналдо по цел ден се гледаше во огледало. Инпреисониран беше од себе си“.

Форлан во кариерата играше и за Интер, Интернасионал, Саерзо Осака, Мумбаи и Кичи. Сега работи како тренер во Пењарол.