Поранешниот светски првак во тешка категорија Мајк Тајсон, во Калифорнија, поседува голема плантажа на која одгледува канабис.

Тајсон кој во минатото беше познат како зависник од опијати по завршувањето на кариерата покажа дека знае да води бизнис.

Бидејќи марихуаната е легална во Калифорнија, медиумите тврдат дека од продажбата на канабис ој месечно заработува по еден милион долари.

Тајсон поседува ранч на површина од 418 хектари, луксузен хотел, а планирал да отвори сместувачки капацитети за амбициозни производители на канабис.

„Мислам дека на овој начин ќе можам да им помогнам на многу луѓе. Предноста на канабисот е што лекува болки во мускулите и артритис“, рекол Тајсон признавајќи дека месечно пуши марихуана во вредност од неколку илајди долари.

Со овој бизнис Тајсон се занимава од 2016 година.

View this post on Instagram

The Original OG. Link in bio.

A post shared by Tyson Ranch™️ (@tysonranchofficial) on