Top Sport

Роналдо: По една чаша шампањ, веќе бев пијан!

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо изјави дека победата во финалето на Европското првенство во 2016 година на неговата Португалија против Франција му е најдрагиот триумф во кариерата. Португалија тогаш славеше по продолженија со 1-0, со голот на Едер, а Роналдо се повреди на почетокот на мечот и од клупата им даваше инструкции на соиграчите.

„Тоа е најважниот трофеј во мојата кариера. Се смеев, плачев, а по мечот се напив. Дехидрирав затоа што премногу плачев и после една чаша шампањ, веќе бев пијан. Инаку не пијам, но ова беше посебна прилика“ рече Роналдо гостувајќи кај италијанската новинарка Дилета Леота во емисијата „Linea Diletta”.

Португалецот трофејот со својата земја му е посебно драг затоа што му е прв со татковината, за разлика од неговиот најголем конкурент, Аргентинецот Лео Меси кој не може да се пофали со слично достигнување кога се работи за „гаучосите“.

Оваа година Роналдо ја освои и Лигата на нации со Португалија.
https://www.facebook.com/DAZNIT/videos/1793502044118790/?t=5

Scroll to Top