Top Sport

Јокиќ се бори да стане најдобар од Европа последнава декада во НБА

Српскиот кошаркарски интернационалец, Никола Јокиќ се најде во конкуренција со некои од најдобрите европски играчи кои заиграа во НБА во последната декада.

Специјализираниот кошаркарски портал „Jurohups” организира избор за најдобар кошаркар во НБА од „Стариот континент“ во последните 10 години.

Покрај Србинот, номинирани се и Французите Тони Паркер и Руди Гобер, Германецот Дирк Новицки, Гркот Јанис Адетокумбо и шпанските браќа, По и Марк Гасол.

Во изборот на порталот се наведува дека Јокиќ во својата прва НБА сезона беше избран во најдобрата „руки“ петорка, а минатата година играше и на Ол Стар натпреварот.

Српскиот кошаркар неодамна од страна на „Бличер рипорт“ беше избран меѓу 50-те најдобри кошаркари во последната деценија во НБА.

Scroll to Top