Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил ја објави првата семејна фотографија по веста за смртта на новородениот син.
„Доме сладок доме. Георгина и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови“, објави Роналдо.
Ѕвездата се заблагодари на поддршката што ја доби од целиот свет.
„Вашата поддршка е многу важна за нас и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот што штотуку го дочекавме“, напиша тој.
Кристијано и Георгина во понеделникот објавија дека нивниот син починал за време на породувањето.
„Нашето момче, ти си нашиот ангел. Ќе те сакаме засекогаш“, напишаа тогаш.
View this post on Instagram