Top Sport

Тимот на Тајсон објасни зошто легендата го истепа „напорниот“ фан

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, шутнал човек во авион кој требало да полета од Сан Франциско до Флорида. Веста за судирот на боксерската легенда со наводно пијан маж се прошири откако „TMZ“ ја објави снимката, а светските медиуми сега пишуваат како дошло до судирот и што ја предизвикало реакцијата на Тајсон.

Пензионираниот боксер прво ја исполнил желбата за заедничка фотографија на човекот кој седeл зад него во авионот, но и покрај инсистирањето на „многу пијаниот“ патник, тој не сакал да разговара со него.

„Тој постојано притискаше и постојано му зборуваше се додека Тајсон не му рече да престане да го прави тоа. Тој стана насилен, фрли шише вода кон него, се вели во објаснувањето од тимот на Тајсон.

Од тимот на Тајсон додаваат и дека дека патникот бил агресивен.

Тајсон станал од седиштето откако кон него било фрлено шише и се свртел кон провокаторот кој седел зад него и го удрил по лицето. Потоа го напуштил авионот.

Полицијата со двајцата извршила информативен разговор, а на претепаниот му била укажана лекарска помош. Неговите повреди се окарактеризирани како повреди кои не се опасни по живот.

Scroll to Top