Top Sport

Роналдо потпиша за Ал-Наср, ќе заработува 75 милиони долари годишно?

Кристијано Роналдо потпишал двегодишен договор со саудискиот клуб Ал-Наср во петокот, по преговорите со клубот, јавуваат саудиските медиуми, иако ова уште не е официјално потврдено од клубот.

Според „Ал Арабија“, португалската ѕвезда која го раскина договорот со Манчестер јунајтед по бурното интервју во кое ги нападна клубот, менаџерот, соиграчите и сопствениците, ќе заработува апсолутно нереални 200 милиони евра по сезона.

Шпанските медиуми, пак, тврдат дека договорот на Роналдо е на седум години – тој ќе игра две и пол сезони за клубот, по што ќе биде амбасадор на клубот и на државата пред кандидатурата за СП во 2030, и неговата плата ќе се зголемува со текот на годините.

Трансферот е мало изненадување, посебно бидејќи самиот Роналдо тврдеше дека сака да продолжи на највисоко ниво, барајќи клуб кој настапува во Лигата на шампиони. Ал-Наср се еден од најуспешните саудиски клубови со 9 национални титули, од кои последната ја освоија во 2019 година.

Scroll to Top