Top Sport

Роналдо прецизно го погоди камерманот (видео)

Еден од камерманите кои присуствуваа на тренинг-сесијата на Реал Мадрид во Киев пред утрешното финале, ќе се сеќава на денот – доби исеченица на лицето и подарок за извинување од Кристијано Роналдо.

На тренингот на „Олимпискиот стадион“ во украинската престолнина, Роналдо направи грешка и топката заврши во главата на камерманот покрај теренот. Сепак, Лорензана Прието, камерманот на „Унивизион депортес“ мрежата во латинска Америка, на крајот доби извинување од Роналдо, како и тренерката со која тренираше на мечот како мал подарок.

Scroll to Top