Top Sport

Леброн избори мајсторка за Кливленд (Видео)

Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс ќе играат мајсторка по што ќе биде познато кја екипа ќе игра во големото финале во НБА лигата. Кливленд, во шестиот меч, го победи Бостон 109:99. Сензационален меч уште еднаш одигра Леброн Џејмс.

Бостон, во шестиот меч, беше подобар само во првиот период, во вториот домаќинот успеа да ја направи клучната серија 14:3 и од тој момент противникот не успеа да му се доближи на Кливленд на разлика помала од седум поени.

Неверојатен меч одигра Леброн Џејмс, на теренот мина 46 минути, постигна исто толку поени, а имаше и 11 скока и девет асистенции. Ова е седмиот натпревар во плеј-офот на кој Џејмс постигнува најмалку 40 поени.

Голема поддршака во нападот, тој доби од Џорџ Хил (20 поени), Џералд Грин (14 поени) и Лери Ненс јуниор (10 поени).

Селтикс ги предводеа Тери Розир со 28, Џејлен Браун со 27 и Џејсон Тејтум со 15 поени.

Решавачкиот седми натпревар на програмата е в недела, во Бостон, во 2:30 часот по средно-европско време.

Scroll to Top