Кристијано Роналдо и неговите соиграчи од португалската репрезентација со голема самодоверба го чекаат натпреварот со Македонија. Победникот од овој дуел ќе избори пласман на Светското првенство во Катар.
„Имаме голема самодоверба, сакаме да го играме ова финале“, рекол Роналдо.
„Ова е најважниот натпревар во нашите животи. Ја цениме безрезервната поддршка што ја добивме од трибините во претходниот натпревар. Би сакал утре химната да се пее без музика. Ако публиката биде гласна како во четвртокот (против Турција) сигурно ќе победиме“.
Македонија, во полу-финалето, ја победи Италија. Голот на Александар Трајковски и овозможи на Македонија да се бори за место на СП.
Дали Роналдо чувствува притисок пред овој натпревар?
„Притисокот секогаш постои. Ние навистина сакавме да го играме овој натпревар. Ќе биде тешко. Ако Македонија е тука, значи дека го заслужува тоа. Македонците се многу добро организирани, но доколку ние бидеме на наето најдобро ниво, тогаш можеме да победиме секого“, рекол Роналдо.
Португалија, на „Драгао“ стадионот во Порто, утре од 20.45 часот, ќе ја пречека Македонија.