Top Sport

Роналдо: Пресреќен сум што роденденот го прославив во Торино!

Кристијано Роналдо вели дека е многу среќен што може својот 34-ти роденден да го прослави во Јувентус велејќи дека си поминува фантастично во Торино.

Во своите први 30 настапи за „бјанконерите“, ЦР7 има постигнато 19 гола, и во интервју за „Јувентус ТВ“, тој вели дека ужива во животот со лидерите во Серија А.

„Пресреќен сум што можам да го прославам роденденот тука во Италија, тоа е прекрасно. Сакам да им се заблагодарам на сите фанови за пораките за мојот роденден и љубовта која ја покажаа кон мене. Искуството да се игра во Јуве е фантастично и имам среќа што сум во Серија А. Сите се однесуваат прекрасно кон мене, и навистина ми се допаѓа Торино – прекрасно и мирно. И моето семејство е многу среќно. Тимот е во фантастична форма, на врвот на лигата сме и во Лигата на шампионите, а веќе го освоивме трофејот од Суперкупот. Едвај ги чекам следните мечеви“, вели Португалецот.

Scroll to Top