Top Sport

Роналдо пристигна во Ријад, ќе потпише за Ал-Наср и ќе добие 600 милиони долари

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо пристигна во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Тој заминал на финални преговари со газдите на Ал-Наср, клубот кој му понуди неверојатни услови за потпис на договор.

Роналдо се надеваше дека ќе најде друг голем европски клуб за да ја продолжи кариерата, но нема интерес за него. Неговото име неодамна се поврзуваше со Челси и Спортинг Лисабон, но двата клуба одлучија да не дадат официјална понуда до Португалецот.

Кристијано во Саудиска Арабија нема да има можност повторно да ја освои Лигата на шампионите, што беше негова голема цел, но се очекува сериозно да ја наполни банкарската сметка.

Арапите имаат подготвено бомбастична понуда за напаѓачот со договор на три години и плата од 200 милиони долари по сезона.

Scroll to Top