Кристијано Роналдо и Јувентус не дозволија нова „сопка“ на „бјанконерите“ во Серија А, стигнувајќи до рутинска 3:0 победа, откако Португалецот постигна два гола во првото полувреме за да постави необичен голгетерски рекорд.
Иако сезоната е некаде на половина, Роналдо стигна до бројката од над 25 гола оваа сезона, со што неверојатна 14-та сезона по ред има ваков успех, покажувајќи постојаност со која малку фудбалери во историјата можат да се пофалат.
Иако имаше едно лошо промашување измеѓу двата гола, Роналдо во 38. и во 45. минута од мечот донесе предност од 2:0 за Јуве, која подоцна Вестон Меккени ја зголеми на 3:0 во 66. минута.
Со трите поени, Јуве се искачи на третото место на табелата со 45 поени, четири зад второпласираниот Милан и осум зад лидерот Интер, но со натпревар помалку. Кротоне останува последнопласиран по пет порази во низа со 12 поени, осум од безбедната зона.