Top Sport

Роналдо првпат на тренинг на Јувентус (видео)

Кристијано Роналдо, неочекуваната ѕвезда на летниот преоден рок, пристигна на својот прв тренинг со новиот клуб Јувентус.

„Бјанконерите“ објавија кратко видео со неговото пристигнување во спортскиот центар во Торино, каде што работеше со дел од фудбалерите, додека првиот тим е на турнеја во САД.

„Добро попладне Кристијано!. ЦР7 пристигна во тренинг центарот“, напишаа на официјалниот Твитер профил Јувентус.

На тренингот со Роналдо беа Пауло Дибала, Родриго Бетанкур и Даглас Коста.

Scroll to Top