Јувентус, в сабота, ќе ја пречека Рома од 20.30 часот, а во пресрет на дербито Кристијано Роналдо со неколку пораки успеал да го навлече гневот на противничките фанови.
Португалецот, кој летово за 112 милиони евра се пресели во Јувентус, се присетил на сезоната 2006/07, кога како играч на Манчестер Јунајтед се радувал на победата од 7:1 против рома во Лигата на шампионите.
„Водевме 6:0 кога еден играч на Рома ме молеше да престанам да ги дриблам. Некои дури и се закануваа дека намерно ќе ме повредат“, се присетил Роналдо на тој меч.
„Верувајте ми тој тим беше многу посилен од оваа екипа што ја има Рома“.
Потоа упатил уште една „отровни стрели“ со која го навлече гневот на фановите на римската „волчица“.
„Кога ќе размислам, во овој тим на Рома нема играч со кого би можел да го разменам дресот по завршувањето на натпреварот“.
По 16 одиграни натпревари во Серија А, разликата на табелата помеѓу Јувентус и Рома е 22 бода. Јувентус е лидер со 46 бода, а Рома на седмата позиција има 24.