Кристијано Роналдо се наоѓал во искушение да се врати во својот поранешен клуб, Манчестер јунајтед, пишува „Газета дело Спорт“. Според овој извор, тој бил подготвен во Јунајтед да игра за помала плата од онаа што ја заработува во Јувентус.
Кристијано Роналдо, во Јувентус, годишно заработува 31 милиони евра, но во Манчестер јунајтед би играл и за 20 милиони евра. Ова значи дека тој би се откажал од 11 милиони евра, бидејќи со Јувентус има договор и за наредната сезона.
„Газета дело Спорт“, пишува, дека Португалецот не бил среќен во Јувентус. Не му се допаѓале многу работи што се случиле во клубот, во последните 12 месеци. Сакал да се врати во Јунајтед, бидејќи неодамно менаџерот Оле Гунар Солскјер изјавил дека би сакал Роналдо да се врати на „Олд Трафорд“.