Top Sport

Роналдо сака трансфер кај Меси и Нејмар со „трампа“ за Почетино?

Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен може да имаат сензационална „трампа“ ова лето со која Кристијано Роналдо ќе се пресели во Париз, а Маурисио Почетино, конечно, ќе седне на клупата на „Олд Трафорд“, тврди британскиот „Дејли мирор“.

„Црвените ѓаволи“ речиси сигурно ќе имаат нов менаџер следната сезона, откако газдите на клубот сметаат дека Ралф Рангник не направи доволно за да ја добие работата и следната сезона, додека Почетино долго време е мета на „ѓаволите“. Но, малкумина, очекуваа дека Роналдо ќе оди во спротивен правец.

Според „Мирор“, ПСЖ се сигурни дека Роналдо ќе биде отворен за трансфер и покрај тоа што има договор со Јунајтед до 2023 година, бидејќи иако има 14 гола во сите натпреварувања за својот стар клуб, формата не ветува титули и висок пласман. ПСЖ би сакале да го донесат Роналдо како „утеха“ за нивните навивачи со најавеното заминување на Килијан Мбапе, а во француската престолнина тој би можел повторно да работи со Зинедин Зидан, кој е најголем фаворит да го замени Почетино.

Останува да се види дали се работи за само уште една „луда“ шпекулација.

Scroll to Top