Top Sport

Вавринка: Полесно да се игра со Ѓоковиќ отколку со Федерер и Надал

Трикратниот гренд слем шампион, Стен Вавринка е еден од тенисерите кои имаа шанса во својата долга кариера да игра против големата тројка, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ и смета дека од тројцата најлесно е да се игра против српскиот светски број 1.

36-годишниот Швајцарец се подготвува за камбек во тенисот откако нема играно од март 2021 поради повреда на стапалото. Тој има само три победи во дуелите со Надал и Федерер, но 6 против Ѓоковиќ во 25 меча и вели дека има причина за тоа.

„Новак секогаш беше еден од ‘големата тројка’ против кого сакав да играм. Неговата игра ми одговара, иако ме победи повеќе пати. Знам дека му е страв од мене, посебно на гренд слем турнирите. Имавме некои епски мечеви“, вели Вавринка.

Scroll to Top