Top Sport

Роналдо сакал да се врати во Реал

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо сакал да се врати во Реал Мадрид, но во клубот не биле заинтересирани за него, поради што тој реши да потпише за Ал Наср.

Роналдо, во петокот вечерта, го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот, тоа го направи откако дозна дека Реал Мадрид не е заинтересиран, објави денеска „Марка“.

Капитенот на португалската репрезентација, во ноември, спогодбено се раздели со Манчестер јунајтед, по острите критики кои ги упати кон управата на клубот и тренерот.

Настапи на Светското првенство во Катар, а по елиминацијата неколку дена тренираше во Мадрид. Тој сакаше да се врати во клубот за кој успешно настапуваше од 2009 до 2018 година. Наводно ќе се согласел на помала плата и помала улога во тимот, но сепак морал да бара нов ангажман, пишува „Марка“.

Со Реал освои 16 трофеи и постигна 451 гол во сите натпреварувања.

Scroll to Top