Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, верува дека шампионатот на Саудиска Арабија многу брзо ќе стане еден од најсилните во светот.
Португалскиот репрезентативец оваа зима потпиша рекорден договор со клубот од Ријад. Неговиот трансфер веројатно им го отвори патот кон оваа земја на уште некои големи фудбалски ѕвезди.
Наводно на добар пат да се пресели во Саудиска Арабија е и Лионел Меси, кој има понуда од Ал Хилал вредна 300 милиони евра по сезона.
„Саудиската лига станува се посилна, следната година ќе биде уште подобра. Чекор по чекор ќе стане една од најдобрите пет лиги во светот. Но, потребно е време, играчи и инфраструктура. Сепак, верувам дека оваа земја има неверојатен потенцијал, неверојатни луѓе. Лигата ќе биде одлична“, изјави Роналдо по победата против Ал Шабаб.
Ал Наср по пресвртот победи со 3:2, а Роналдо со прекрасен удар го постигна решавачкиот трет гол.
Неговиот тим на две кола пред крајот на првенството има три бода помалку од големиот ривал Ал Итихад.