Кристијано Роналдо покажа дека не ја загубил смислата за хумор, откако реши да се „глупира“ зад еден новинар при тренингот на Јувентус.
33-годишниот Португалец уште го чека првиот гол во Серија А, но тоа не му го расипа расположението, и тој застана зад презентерот на Јувентус и се обиде да го имитира неговиот стил. Дури и за голманот Матија Перин ова беше пресмешно.
Утре Јуве игра со Сасуоло и Роналдо ќе има совршена можност да се запише во листата на стрелците.
#Ronaldo having some fun in training ?? pic.twitter.com/ytqntTmIHs
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) September 13, 2018