Кристијано Роналдо е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, но понекогаш со однесувањето не остава таков впечаток. Португалецот е тема по социјалните медиуми по натпреварот со Рома (2:0).
Роналдо се обиде да изнуди пенал, а потоа и да го понижи капитенот на Рома, Алесандро Флоренци.
Судијата Давиде Маса и неговите помошници останаа неми на смешниот обид на Португалецот да изнуди пенал по еден дуел со Александар Коларов.
https://twitter.com/MichaeIEmilio/status/1127652677817708549
Кристијано подоцна во натпреварот влезе во вербална расправија со Флоренци, а со гестикулацијата му покажа дека е многу низок и дека има „долг јазик“. Флоренци е висок 173 сантиметри.
Cristiano qui fait taire Florenzi a cause de sa taille. Je pleuuuuuure. Alpha Mâle ????? pic.twitter.com/CIB9ANInHJ
— Souheil K. (@souheilk07) May 12, 2019
„Да го оставиме она што се случи на теренот. Ние два пати ја исфрлавме топката, а тој продолжи да игра. Тој е освојувач на Златната топка и си замислува дека може да прави што сака“, рекол Флоренци.
Инаку, Флоренци го постигна првиот гол за Рома во 79 минута, а во самиот финиш Џеко го постави конечниот резултат.