Top Sport

Азар: Донесов одлука, клубот го известив пред неколку седмици

Еден Азар во Челси или Реал Мадрид? Сагата наскоро ќе го добие епилогот, а веројатно Белгиецот ќе замине од Лондон во Мадрид. По вчерашниот дуел со Лестер, тој рекол дека пред неколку седмици на клупските челници им ја соопштил својата одлука.

Азар ја обележа сезоната во која Челси завршија трети на табелата во Премиер лигата, а во Лига Европа ќе играат во финалето.

„Донесов одлука околу мојата иднина, но не се прашувам само јас. Дали сакав ова да беше решено уште во текот на сезоната? Да. Сакав но тоа не се случи. Јас чекам, навивачите чекаат исто така“, рекол Азар, потврдувајќи дека одлуката што ја донел пред неколку недели им ја соопштил на клупските челници.

„Тоа што Челси е во Лигата на шампионите не ја менува мојата одлука. Јас решив и тоа е тоа, сега чекам“, рекол Белгиецот.

Азар никогаш не криел дека би сакал да игра во Реал и дека негов идол е Зинедин Зидан. Белгискиот репрезентативец има договор со Челси до јуни 2020 година, а „сините“ наводно барале 100 милиони фунти (116 милиони евра) за него.

Scroll to Top