Деновиве наголемо се зборува во Италија дека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо сака да си оди од Јувентус.
Од клубот ги негираат ваквите тврдења, а посебно цврсто застанаа зад ставот откако Португалецот не се најде во стартната постава на тренерот Алегри на гостувањето кај Удинезе (2:2).
Спортскиот директор Павел Недвед како единствена причина за таквата одлука ја наведе недоволната физичка подготвеност на Роналдо.
Денешните случувања во Торино, на тренингот на „Старата дама“ донесоа покритие на ваквите тврдења на Недевд.
Имено, Роналдо се повредил на денешниот тренинг, и тоа на самиот почеток. Во придружба на клупскиот доктор го напушти тренингот, а се чекаат дополнителните информации за неговата здравствена состојба.
Colpo al braccio destro per #CR7, che chiude l’allenamento in anticipo ??7️⃣ pic.twitter.com/LTUHstjH2x
— Romeo Agresti (@romeoagresti) August 25, 2021
Инаку, медиумите на „Чизмата“, па и на Островот пишуваа дека Манчестер Сити е заинтересиран за португалскиот ас, но колку во тоа има вистина ќе се дознае до крајот на преодниот рок.