Top Sport

Роналдо се враќа во Реал?

„Ел Чирингито“, синоќа објави сензационална вест, дека Крстијано Роналдо ќе се врати во Реал Мадрид. Според овој извор, двете страни веќе ги започнале преговорите.

„Ел Чирингито“, пренесе дека менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш веќе одржал состанок со претставници на клубот, околу можното враќање на фудбалерот на „Сантијаго Бернабеу“.

Наводно во Реал сериозно ја разгледувале опцијата, да го вратат најдобриот стрелец во клупската историја. Роналдо, во летниот преоден рок би требало да го напушти Јувентус. Напаѓачот се наоѓа под жестоки критики во италијанската јавност, по елиминацијата од Порто, во Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо пред две и пол години, од Реал замина во Јувентус за сума од 100 милиони евра.

Scroll to Top