Top Sport

Месина повторно ќе биде селектор на Италија

Еторе Месина повторно ќе биде селектор на Италија. Тренерот на Милано, функцијата ќе ја преземе по завршувањето на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.

„Газета дело Спорт“, објави дека што и да направи Италија на квалификацискиот турнир кој ќе се игра во Белград, Месина ќе го наследи на кормилото актуелниот селектор Мео Сакети.

Месина беше селектор на Италија во периодот од 1993 до 1997 година. Со Италија го освои сребрениот медал на Европското првенство во 1997 година.

Квалификацискиот турнир во Белград, за пласман на олимписките игри ќе се одржи од 29.јуни до 4.јули.

Scroll to Top