Според португалските медиуми, Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Герогина Родригез, овој викенд овицијално ќе запловат во брачните води.
Се вели дека гламурозната церемонија е закажана за сабота, 1 август, на имотот Кинта да Регалеира во Синтра, Португалија.
Иако славната двојка, ниту ги потврдила ниту ги негирала своите планови за свадба, јавноста веќе многу шпекулира за деталите. Извори блиски до двојката откриваат дека Герогина побарала настанот да не биде спектакл, туку поинтимна прослава за најблиските пријатели.
И покрај желбата за приватност, списокот на потенцијални гости алудира на гламурозен настан на глобално ниво.
Според извештаите, фудбалските ѕвезди на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго се меѓу поканетите, иако Роналдо никогаш не ја делел соблекувална со нив во „Кралскиот клуб“.
Засега не е познато дали неговите соиграчи од неговиот сегашен клуб, Ал Наср, ќе присуствуваат на свадбата.
Покрај фудбалската елита, на листата се наоѓаат бројни светски познати имиња од светот на шоу-бизнисот и спортот, како што се актерот Вин Дизел, новинарот Пирс Морган, музичките ѕвезди Ријана, Џенифер Лопез, Дрејк и Тревис Скот, легендата на ММА Хабиб Нурмагомедов, поранешниот соиграч Рио Фердинанд и популарната интернет сензација Спид.
Врската помеѓу португалската ѕвезда и Џорџина започна во 2016 година по случајна средба во продавницата „Гучи“ во Мадрид, каде што Герогина работеше како продавачка. По една деценија заеднички живот, време беше да се венчаат.
Foto/ EPA
