Top Sport

Роналдо си кажа: Да не се лажеме, мојот гол беше најубавиот! (видео)

Кристијано Роналдо верува дека му е направена неправда и дека тој требало да ја добие наградата „Пушкаш“ за најубав гол, за „ножичките“ против својот сегашен тим Јувентус додека го носеше дресот на Реал Мадрид, велејќи дека ова бил „најубавиот“ гол.

Роналдо, сепак, не ја доби наградата, која отиде кај Мохамед Салах за неговиот гол против Евертон минатиот декември, кој дури не беше прогласен за најдобар гол тој месец во Премиер лигата.

„Салах заслужи да ја освои ’Пушкаш’ наградата, бидејќи постигна убав гол. Но, да бидеме искрени и да не се лажеме, мојот гол беше најубав. Не сум разочаран, бидејќи таков е животот – понекогаш победуваме, понекогаш губиме. Најмногу ме интересира во 15-те години во мојата кариера да го задржам нивото на перформанси“, вели Роналдо.

Салах помалку неочекувано со „Пушкаш“ за голот против Евертон (видео)

Scroll to Top