Top Sport

Гризман вели нема конфликт со Рамос: Тој е мојот мал пријател

Антоан Гризман вели дека не постои конфликт со капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, велејќи дека има огромна почит кон него откако Рамос јавно се сомневаше во квалитетите на францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид.

Откако Гризман минатата недела изјави дека е на исто ниво со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, Рамос побара тренерот на Атлетико, Диего Симеоне да го научи Гризман малку околу „вредностите“. По 0:0 ремито во дербито на „Сантијаго Бернабеу“, Гризман сакаше да се „смири“.

„Тој ми е мал пријател, имам голема почит кон него. Вистински пример за децата и фантастичен бек. За мене тоа е фудбалот – да се забавувам со моите соиграчи и со фудбалери од другите клубови. Понекогаш ги ’боцкам’, а понекогаш, како сега тие мене ме ’боцкаат’“, изјави Гризман.

И Рамос го спомена Гризман по мечот.

„Не зборував со Гризман, но без разлика на нашите мислења за било кого, мора да се покаже почит за колегите“, изјави Рамос.

Фото: ЕПА

Рамос контра Гризман: Тој мисли дека е ист со Меси и Роналдо? Каква глупост!

Scroll to Top